Мисиркин ролат полнет со суви домати и моцарела
Мисиркин ролат полнет со суви домати и моцарела
Процес на подготовка
Ставете најлонска фолија на штица и убаво исчукајте го мисиркиното филе, за да биде тенко и да може да се завитка. Убаво посолете го и зачинете го со мелен бибер.
На алуминиумска фолија наредете ги едно до друго парчињата мисиркино филе.
Врз нив ставете ги крем сирењето, моцарелата и сувите домати. Завиткајте го филето така што ќе формирате ролат.
Ролатот премачкајте го со масло, обложете го со фолија и ставете го да се пече во загреана рерна на 250 степени, 30 минути со фолија, потоа извадете ја фолијата, премачкајте го со мед и печете уште 10-15 минути без фолија.
На здравје и уживајте!