Печурки со кнедли од хељда

Печурки со кнедли од хељда

Процес на подготовка

Мисиркините шницли ги препржуваме на масло од двете страни за да добијат златно жолта боја, ги ставаме на страна и ги чуваме на топло. Во истиот сад го препржуваме кромидот, го додаваме исечканиот лук, сенфот и исечканите печурки, уште малку препржуваме и залеваме со течноста за супа.

Мисиркините шницли ги ставаме во сосот и покриваме и ги динстаме уште некое време. Пота ја додаваме павлаката, уште малку динстаме и потоа послужуваме.

 

Кнедли од хељда

250 гр. брашно од хељда

1 земичка или парче леб од хељда

2 лажици масло

половина китка магдонос (по желба)

 

На масло ја препржуваме земичката исечкана на коцки или лебот, малку ја оладуваме и го додаваме инстант брашното од хељда. Додаваме 7 до 8 дл солена вода. Смесата ја мешаме, го додаваме исечканиот магдонос и формираме кнедли, коишто во жешка вода ги вариме од 10 до 15 минути.