Пилешка крем салата
Пилешка крем салата
Процес на подготовка
-
Пилешкото филе ставете го да се вари во вода со зрна бибер и ловоров лист. Нека се вари на средна температура најмалку половина час.
-
Откако ќе се свари, префрлете го во длабок сад и со миксер раситнете го на тенки парчиња.
-
Потоа во садот со пилешкото, додадете ги варените јајца, куленот, киселите краставички и кашкавалот сецкани на ситни коцки. Додајте две-три големи лажици павлака, една голема лажица мајонез, една мала лажичка сенф, сол и црн пипер и размешајте да се соедини.
-
Оваа салата може да се јаде така, или со потпечено лепче или пак со тортиљи. Но, кој и да е начинот се јаде во еден здив и е една од најомилените крем салати.