Поли ражничи

Поли ражничи

Процес на подготовка

Најнапред го подготвуваме мармеладот од кромид. Кромидот го лупиме, го сечкаме на ливчиња и во тава ги посипуваме со шеќерот, благо го пропржуваме и го залеваме со темно пиво. Загреваме додека пивото не зоврие, потоа го намалуваме огнот и вариме додека течноста не се згусне и не наликува на мармалад.
На стапчиња за ражниња наизменично ги наденуваме парченцата виршли и доматите. Ражнињата ги печеме на скара или во тава. Во меѓувреме векничките млечен леб ги сечеме по должина и исто така набрзина ги печеме со пресечената страна надолу.
Секоја векна ја премачкуваме со мармеладот од кромид. Врз неа го ставаме раженчето и внимателно го отстрануваме стапчето. Одозгора посипуваме со ренданото гауда сирење и послужуваме.