Бургер со крцкаво пилешко

Недела и неодоливи бурегери со крцкаво пилешко? Може? 🍔😋

Бургер со крцкаво пилешко

Недела и неодоливи бурегери со крцкаво пилешко? Може? 🍔😋

Процес на подготовка

Пилешкото филе исечете го на потенки филети и посолете ги.
Јајцата изматете ги, а корнфлексот ситно исецкајте го во сецко и ставете ги во посебни чинии.

Секое парче филе ставете го од двете страни прво во јајце па во корнфлекс и ставете го да се пржи во загрено масло.

Пржете го додека порумени од двете страни и извадете го во чинија оближена со салфетки за да се упие мрснотијата.

Кечапот и мајонезот измешајте ги и со овој сос премачкајте ги долните лепчиња.Врз лепчињата ставете марула, па парче филе, па домат и кисели краставички и на крај ставете горните лепчиња премачкани со мед и сенф.

На здравје и уживајте!