Бургер со печен мисиркин копан „Пургер“

Бургер со печен мисиркин копан „Пургер“

Процес на подготовка

Мисиркиниот копан го засекуваме (или прободуваме) до коската. Маслото добро го мешаме со мајчината душица, солта и црниот пипер и со маринадата го триеме копанот. Оставаме 20 минути месото да се маринира. Потоа копанот го ставаме во рерна, загреана на 180 °C и печеме 45 минути.

Од печениот мисиркин копан ја отстрануваме кожата, а месото со виљушка го кинеме во форма на влакна.

Го подготвуваме преливот така што грчкиот јогурт го мешаме со мајонезот, власецот и солта. Црвената зелка ја рендаме на тенки парчиња и го додаваме сокот од лимот за да не ја загуби бојата.

Земичките ги сечеме на половина и од пресечената страна ги пржиме во тава на малку путер. Врз долните половини од земичките ставаме кисела и свежа зелка и мисиркиното месо, одозгора го ставаме пржениот кромид, преливаме со преливот од јогурт и ги покриваме со горните половини од земичките.