Печени пилешки надкопани со кремлив сос од ореви

Печени пилешки надкопани со кремлив сос од ореви

Процес на подготовка

Рерната ја загреваме на 200 °C. Пилешките надкопани ги посолуваме и ги зачинуваме со кимот и црвениот пипер. Ги ставаме во помало тавче, додаваме 1 лажица маслиново масло, мешаме, тавчето го ставаме во рерната и печеме 40 минути за да се запечат убаво надкопаните.

Во меѓувреме го сечеме лебот, во сад го полеваме со неколку лажици течност за супа и оставаме да се натопи. Во тавче околу 3 минути ги пржиме јатките од орев и ги ставаме настрана.

Кромидот и лукот ситно ги сечкаме. Во тавата ја тураме втората лажица масло и ги пржиме кромидот и лукот, за да омекнат. Во миксер го ставаме натопениот леб, мешавината од кромид и лук и поголемиот дел од оревите (неколку оставаме за посипување), го преливаме со остатокот од течноста за супа и миксираме, за да добиеме густа паста. Ја враќаме во тавата, ја додаваме павлаката и сокот од лимон, зачинуваме со сол и црн пипер и оставаме да стои на топло.

Печените пилешки надкопани ги послужуваме со сос од ореви. Пред да ги послужиме ги посипуваме со останатите исечкани ореви.