Пилешки копани со семиња од сончоглед и пармезан

Пилешки копани со семиња од сончоглед и пармезан

Процес на подготовка

Од копаните ги отстрануваме коските, ги посолуваме, додаваме црн пипер и посипуваме со мајоран и ким.

Филот го подготвуваме така што семињата од сончоглед ги сечкаме, го додаваме пармезанот, згмечениот лук, маслиновото масло и фондот за супа, а по желба и црн пипер. Копаните ги премачкуваме со филот, ги свиткуваме и ги прицврстуваме со чепкалки.

Месото го пржиме намрсена тава или го печеме на скара. Во текот на печењето повеќепати ги премачкуваме со масло и ги полеваме со пиво.