Пилешко суфле

Пилешко суфле

Процес на подготовка

Пилешкото, ловровиот лист, зрната црн пипер, солта, магдоносот и тарагонот ги вариме во вода 30 минути. Потоа од месото ја отстрануваме кожата, месото го одделуваме од коските и го сечкаме на коцки. Течноста во којашто се вареше месото ја процедуваме и ја зачувуваме.
Исечканиот кромид го препржуваме на маслото, го посипуваме со брашно го залеваме со течноста што ја зачувавме, павлаката и виното. Чекаме да зоврие, посолуваме и го додаваме црниот пипер. Сосот го тргаме од оган, ги вмешуваме 4 те жолчки, сирењето и ги додаваме парчињата пилешко. Белките ги матиме за да добиеме снег и ги вмешуваме во сосот. Сето заедно го истураме во тава, обложена со хартија за печење и печеме на 180 °C околу 30 минути.